еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

Евакуацијата на цивилите од Мариупол прекината, руската страна не го почитувала привремениот прекин на огнот, соопшти градскиот Совет

Евакуацијата на цивилите од Мариупол е одложена, соопшти градскиот Совет.

Според него, руската страна не го почитувала привремениот прекин на огнот.

– Русите продолжуваат да не бомбардираат, користат артилерија. Ова е лудило, изјави заменик градоначалникот Сергеј Орлов.

-Нема прекин на огнот во Мариупол и нема прекин на огнот долж рутата за евакуација. Нашите цивили се подготвени да бегаат, но не можат да излезат додека продолжува гранатирањето, кажа Орлов.

Во соопштението на градската управа се наведува дека жителите треба да се разотидат и да најдат засолниште, а наскоро ќе добијат и повеќе нови информации.

Градоначалникот на Мариупол претходно за Би-Би-Си изјави дека во тек е гранатирањето на градот и дека на секои три минути паѓа по една граната.

Орлов утрово изјави дека организирале 50 автобуси со кои би се евакуирале 6.000 лица до Запорожје, а ги повика жителите да заминат и со своите автомобили.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Вознемирувачко видео) Хорор во украински Мариупол: Бројни жртви, жителите без вода, струја и топлина

Привремено примирје во Мариупол и Волноваха, за да се евакуираат цивили

(Видео) „Престанете да пукате, ја загрозувате безбедноста на целиот свет“: Ново видео од нападот на нуклеарката Запорожје

МИА/Фото: Руско министерство за одбрана

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

20-годишно момче од Облешево почина во сообраќајка на локалниот пат кон селото Бања

Редакција

Најмалку тројца загинати во судир на автобус од Србија и две возила во близина на границата со Македонија

Редакција

Сопругата на шпанскиот премиер Педро Санчес позитивна на корона вирусот

Редакција