Министерството за здравство информира дека во текот на изминатите 24 часа се регистрирани 3 починати лица: по едно починато лице од Скопје (72г), Велес (74г) и Охрид (64г).
Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 7 починати лица од: Тетово (1), Битола (1), Куманово (1), Крива Паланка (1), Струмица (1), Прилеп (1) и Ресен (1).
Починатите лица се на возраст од 37г. до 89г. Лицата за починати се пријавени во период од 03.02. до 02.03.2022. Од пријавените лица 3 лица се починати во домашни услови, а 4 лица во болнички услови.
Од вкупниот број на починати лица, кај 9 лица се регистрирани коморбидитети.
Вкупниот број на починати е 9.075.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Убава вест: 391 оздравени од Ковид-19
51 се реинфекции: 370 нови случаи на Ковид-19 од 3.148 тестови