Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за периодот од 28 февруари до 6 март покажуваат дека се пријавени 44 смртни случаи од Ковид-19 во 17 градови, што е за 35,3% помалку во однос на претходната недела.
„Најголем дел од нив се од Скопје (17).
Во однос на возраста, најголем број (n=42; 95,5%) од починатите припаѓаат на возрасната група над 60 години, а регистрирани се починати лица и кај возрасната група од 40-49 години (1) и 30-39 години (1)“, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се намалува бројот на реинфекции со Ковид-19, минатата недела регистрирани 372
Намалување за 32,3%: Минатата недела регистрирани 2.504 нови случаи на Ковид-19
Во Македонија регистрирани нови случаи на заразени со подваријанти на омикрон
Фото: МЗ