еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

„Пуцко петрол“ склучил 29 договори за јавни набавки во вредност од три милиони евра

Центарот за граѓански комуникации ја објави базата на податоци со сите набавки на општините во 2017 година. Базата ги содржи сите 2.737 договори за јавни набавки склучени меѓу 80-те општини и Градот Скопје со 1.048 фирми.

На оваа листа, „Пуцко петрол“ е компанија со склучени највредни договори за јавни набавки во вредност од 2,9 милиони евра, на второ место е „Бауер БГ“, со 2,3 милиони евра и на трето „НБ Цомпани“ од Тетово во вредност од 2 милиони евра.

„Пуцко петрол“ е и на листата на фирми со најмногу договори за јавни набавки, 29. На оваа листа, прва е компанијата „Макпетрол“ со склучени 39 договори и „Рики јуниор“ со склучени 35 договори.

Базата овозможува пребарување на тендерите по општини и по фирми, како и графички прегледи на учеството на фирмите во набавките на секоја општина одделно. Воедно, нуди податоци и за уделот на набавките во буџетите на општините, како и за вредноста на набавките по жител.

„Во 2017 година општините потрошиле за јавни набавки 80 милиони евра, што е за 44% помалку од претходната година. Базата содржи податоци за општинските тендери за последните три години.
Базата на податоци за јавните набавки открива голем јаз помеѓу вредноста на набавките на општините.

Само десет општини потрошиле за јавни набавки половина од парите што ги трошат сите општини заедно, односно околу 42 милиони евра. И кај фирмите е забележана истата концентрација. Првите десет фирми со најголема вредност на договорите за јавни набавки заедно учествуваат со 22% во вкупната вредност на набавките на општините“, се вели во истражувањето на Центарот за граѓански комуникации.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зеленски најави можност за мировни преговори со Русија

Редакција

Душко Ангелов купи акции во Технометал Вардар

Редакција

Србија ја тргна забраната и за извоз на суровото масло за јадење за македонските компании

Редакција