еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Србија од утре ќе забрани извоз на пченица, пченка, брашно и нафта

Србија во четврток ќе го прекине извозот на нафта, пченица, пченка и брашно, а тамошната Влада подготвила уредба за увозот на енергенси.

Српската Влада исто така ќе го ослободува од царина увозот на енергенси од трети земји.

Претседателот Александар Вучиќ изјави дека Србија ќе има доволно масло, пченица, пченка и брашно за себе и за регионот.

„За нас, ако го забранат увозот на сите енергенси од територијата на Русија, тоа значи дека сме во неволја, бидејќи немаме од каде, а гасот и нафтата не можат да паѓаат од небо“, рече тој.

Дел од македонските увозници, предупредија на оваа мерка, дека секоја држава ќе почне да го штити најпрво сопствениот интерес и ќе забранува извоз на основните производи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Добрата Влада, лошите трговци и загрижените граѓани

Фото: Wesual Click on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија ги стартуваше квалификациите за Еуро 2024 со победа над Малта

Редакција

Здружението на преведувачи и толкувачи: Остро се спротиставуваме на негирањето на македонскиот јазик од страна на официјални лица од Бугарија

Редакција

Разговорите со Генчовска создадоа предуслови за интензивирање во наредните денови и изнаоѓање решение, вели Османи

Редакција