еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Можното прашање за консултативен референдум: „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот меѓу Македонија и Грција“

„Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот меѓу Република Македонија и Република Грција“ е можното прашање на референдумот за името, кој би бил од консултативен карактер, информираше премиерот Зоран Заев на прес-конференцијата по лидерската средба во Клубот на пратеници.

За ова и за опцијата референдумот да биде консултативен, Заев рече дека разговарал со лидерите на сите партии освен на ВМРО-ДПМНЕ, чиј лидер Христијан Мицкоски ја напушти средбата по околу еден час од нејзиниот почеток.

Заев изјави дека сите што останале на лидерската средба се за влез во ЕУ и во НАТО и за успешен референдум како процес.

„Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот меѓу Република Македонија и Република Грција? Разговаравме и за насоката на која не упатува членот 27 од Законот за референдум, според кој во услови кога Собранието допрва треба да донесе некоја исклучителна важна одлука за иднината потребно е референдумот да биде консултативен со цел граѓаните на Република Македонија да бидат консултирани за вака важно прашање пред да биде донесена одлуката, а согласно договорот со Грција тоа е одлуката за уставни промени“, рече Заев.

Во секој случај, како што рече Заев, волјата на мнозинството граѓани изразена на референдум ќе биде конечна за сите политички чинители во Собранието.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Вознемирувачко видео) Репортер во живо го фати моментот на вториот силен земјотрес во Турција

Редакција

Адвокатката на семејствата на жртвите, Ивановска: Долго ги чекавме „бомбите„ за „Монструм“, но во нив нема ништо суштинско

Редакција

Македонците ќе можат да студираат во Хрватска по иста цена како и Хрватите

Редакција