еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Доктор Пановски: Маските во јавен превоз и продавници треба да се укинат последни, а во училиштата постепено

Доктор Никола Пановски останува на ставот дека е против сертификатите како мерка, но предложува маските во училиштата да се укинат постепено.

„За маските во училиштата сметам дека полека треба да ги симнуваме. Добро е што Комисијата за заразни болести оди постепено, не може се одеднаш да се укине. Мора да се види една мерка, па како ќе иде понатака. За последно би го оставил укинувањето на маските во јавниот превоз и маските во продавниците,“ рече Пановски во гостување на телевизијата Клан.

Тој смета дека сега е релаксирана состојбата со тешки ковид-случаи.

„Јас сум против сертификатите како мерка. Не е убаво здравите луѓе да ги спречуваме да се движат. Приоритет треба да биде вакцинацијата. Младите имаат прележано. Стотина пати е поризично за мене како постар да влезам во кафеаните и рестораните,“ додаде Пановски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пановски: Од сите прележани, а невaкцинирани досега се починати 13, а од вакцинираните 1.000

Пановски: Заштитени се оние што го прележале делта сојот и што се вакцинирани со трета доза

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Клиниката за хематологија: Преземаме вонредни мерки за да се спречи локалната трансмисија

Редакција

Фамилиите ќе останат сплотени, а срцето е нашето единство, рече синот на пациентот кому му беше трансплантирано срце

Редакција

Епидемијата не стивнува: Од морбили досега заболени 1.524 лица

Редакција