Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец, особено во западните делови. Во текот на ноќта во североисточните и источните делови ќе има слаб локален дожд.
Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 0, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, слично време со минимална температура до -2 степена и максимална до 15 степени. Попладне облачноста ќе се зголемува, а во текот на ноќта ќе има слаб повремен дожд.
Во четврток ќе има зголемена облачност со повремен локален дожд, а на планините ќе врне снег.
Поради спуштање на студена воздушна маса во петок и за време на викендот ќе преовладува променливо облачно и ветровито време со повремен локален слаб снег. Температурите значително ќе се намалат и повторно ќе бидат под просекот за овој период од годината.