„LG“ официјално го објави својот нов „Q-Stylus“ смартфон од средна класа. Тој ќе биде достапен во три варијанти со имиња „Q Stylus“, „Q Stylus +“ и „Q Stylusα“.
Екранот е со дијагонала 6,2 инчи и FHD + резолуција, а процесорот е 8-јадрен со работен такт од 1.5 или 1.8 Ghz во зависност од соодветниот модел. „Stylus“ и „Stylusα“ ќе се нуди со 3 ГБ РАМ и 32 ГБ РОМ, додека „Stylus +“ ќе биде соодветно со 4 ГБ РАМ и 64 ГБ меморија за апликации.
Во однос на камерата, „Stylus“ и „Stylus +“ нудат 16-мегапикселна главна камера и соодветно 8- или 5-мегапикселен сензор за селфи фотографии, додека моделот „Stylusα“ е опремен со сензори со резолуција 13 и 5 мегапиксели. Трите варијации се со големина 160.15 x 77.75 x 8.4 мм и нудат додатоци како сензор за отпечатоци, „QLens“ и „DTS: X 3D surround“ звук.
Нивните батерии имаат капацитет од 3.300 милиампер часови. „Stylus“ и „Stylus +“ пак имаат ИП68 сертификација, што значи дека се отпорни на прав и вода.
Сите три модели доаѓаат со игла, што може да се разбере од нивното име.
Оперативниот систем е Андроид 8.1 Oреo.
Достапните бои ќе се сина (и кај трите модели), црна („Stylus“ и „Stylus +“) и виолетова („Stylus +“).
Во моментов уредите ќе бидат пуштени во Азија и Северна Америка, а во третиот квартал ќе се појават и во други региони. На одделни пазари нема да бидат достапни трите варијанти.
Цените исто така ќе бидат познати подоцна.
МИА/Фото:pocketnow.com