еМагазин
Image default
CHECK IN

(Фото) еМагазин во Токио: Таксист може да се биде и на над 80 години

Многумина од Вас сигурно слушнале за брзите возови во Јапонија или за тоа колку Јапонците се по редот, точноста или правилата. Бидејќи овие работи се воглавно познати, еМагазин директно од Токио преку серијал ќе се обиде да Ви пренесе и други интересни и невообичаени работи за кај нас.

Нема граници, кој сака може да работи и додека да умре

Првото такси во кое се качив во Токио, го возеше човек кој ми рече дека има над 80 години. Со бели ракавици, насмеан, иако англискиот јазик тешко му одеше не однесе таму кај што требаше без никаков проблем.

Воопшто не ми пролета во глава мислата дека е ризично да ме вози човек на таа возраст. Возеше како и секој друг овде. Културно и смирено.

Да, за разлика од кај нас каде лицата над 45-60 години, кои останале без работа, па мораат да бараат чарее до пензија, а никој не сака да ги вработи (освен по партиска линија, секако), овде можете буквално да работите додека умрете, нормално ако тоа го сакате.

Отворената дискриминација во огласи за вработување, каде е наведено дека се вработуваат лица до 45 или 50 години, што е типично за нас, овде не постои.

Напротив и државата помага да има работа за сите лица над 65 години (кога се оди во пензија, според последните законски промени, истата старосна граница е и за мажи и за жени).

Секако, сите овие стари лица работат едноставни работи, по неколку часа, без полно работно време.

Најчесто ги средуваат корпите пред супермаркет, помагаат полесно да се помине на пешачки на огромните прометни улици, некој да не падне додека чека воз, во лифтови, на паркинзи, доста возат такси, разнесуваат со камиончиња стока…

„Оваа можност им ја даваме поради респект кон нив. Тие имаат многу повеќе искуство од младите. А и за да функционира се како што треба, потребни се сите„, велат локалците.

Да, овде респектот кон секого е едно од главните непишани правила, кое секој го почитува.

ПРОДОЛЖУВА….

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Руши рекорди во посетеност, но има и зошто: Пештерата Стопич на Златибор и нејзиниот „автохтон вид“ на водич

Силвана Жежова

(ФОТО) За љубителите на кампувањето: Отворен реновираниот автокамп „Ливадишта“ во Радожда

Редакција

Урбаната нова тераса на Барбакан ве чека на кафе муабет

Редакција