еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

Портпаролот на Роман Абрамович потврди дека имал симптоми кои укажувале на труење

Портпаролот на Роман Абрамович потврди дека постојат сомневања дека рускиот олигарх бил отруен претходно овој месец по состанокот на кој се разговарало за мировни преговори со украинските преговарачи. Тие не потврдија кој друг бил цел или кој бил изворот на нападот, јави Би-Би-Си.

Претходно, во извештајот на Волстрит журнал се тврдеше дека три лица кои присуствувале на разговорите во Киев имале црвенило на очите, постојани и болни солзи и излупена кожа на нивните лица и раце.

Се вели дека Абрамович е веќе добро, бидејќи инцидентот се случил пред неколку недели, и ќе продолжи со преговорите со украинските власти во обид да се стави крај на војната.

Блиски на Абрамович тврдат дека тој учествувал на неколку состаноци и работи само во свое име, откако беше соопштено дека од него била побарана помош.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Абрамович и украински преговарачи биле отруени за време на руско-украинските преговори?

МИА/Фото: chelseafc.com

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во недела започнува летното сметање на времето: Часовникот се поместува еден час нанапред

Редакција

(Галерија) #VERYUS – Women’secret ја слави 25-годишнината со вистински жени како сите нас

Редакција

Продолжува судењето за пожарот во тетовската модуларна болница

Редакција