еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

„Стелт“ варијантата на омикрон, подваријанта на Ковид-19, останува доминантна во Македонија

Во Лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика при Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во текот на изминатата недела, е изведен PCR тестот базиран на Single Nucleotide polymorphism со користење на Vir SNiP SARS CoV 2 Spike S371L S373P за детекција на SARS CoV-2 кај 95 позитивни примероци на SARS-CoV-2 од болнички и примероци од пунктовите.

“Позитивните примероците се одбрани од тестираните позитивни во период од 21-26.03.2022 година, од следните градови: Скопје, Кавадарци, Тетово, Гостивар, Велес, Свети Николе, Кочани, Прилеп, Куманово, Штип, Неготино, Виница, Дојран и Гевгелија.

Во 5 (5,3%) од испитуваните примероци е докажана BA.1 сублинијата на Омикрон. Во 90 (94,7%) од испитуваните примероци е докажана BA.2 сублинијата на Омикрон – позната уште и како „stealth“„, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Д-р Петличковски: Во Македонија од пред неколку недели доминира стелт омикронот, кој е позаразен

Кои се најчестите симптоми на подваријанта на омикрон, „стелт“, регистрирана и во Македонија

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И во лето може да се садат растенија и уредуваат дворови? И да се добијат награди

Редакција

Починаа 17 лица од Ковид-19, вкупно до сега 5.168

Редакција

Дали е самоубиство: Македонската инфлуенсерка Јанеска била пронајдена со прострелна рана во главата

Редакција