еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Владата неколку години не информира за имплементирање на мерките утврдени од Собранието, а кои се однесуваат на заштита на правата на граѓаните

Народниот правобранител Насер Зибери денеска го презентираше Годишниот извештај за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2021 година, кој утрово е испратен до Собранието.

„Се надевам дека годинава пратениците невреме ќе ги утврдат мерките за спроведување на општите препораки, и дека извештајот ќе се најде на дневен ред на некоја од првите наредни седници,“ рече Зибери.

Тој информираше дека Владата изминатите неколку години воошто не информирала за имплементирање на мерките утврдени од Собранието, а законски има обврска двапати годишно тоа да го прави.

„Затоа што на тој начин ние како институција ќе ја добиеме сликата за тоа кои промени се направени, каде е подобрена состојбата, затоа што сите имаме иста цел, граѓаните без никакви потешкотии да си ги остваруваат нивните права, а државата/администрацијата да биде нивен вистински сервис,“ додаде Зибиери.

Вкупниот број на преставки, по кои Народниот правобранител постапувал лани, изнесува 3.075.

„Најголемиот број на примените/заведените претставки се однесуваа за заштита на правата од областа на правосудството – 436, што претставува 16,23% од претставките, потоа следат претставките од областа на детските права – 254 или 9,46%, на трето место се потрошувачките права – 228 или 8,49%.

Во областа работни односи беа поднесени 218 или 8,12%, во социјалната заштита 183, односно 6,81%, за казнено-поправните и воспитно-поправните установи 162 или 6,03%, за имотно-правната област 150 или 5,58%, за урбанизмот и градбата 136 или 5,06%, како и претставки од други области,“ рече Зибери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каматите на главниот долг – најголем проблем на граѓаните, и за тоа, најчесто се жалеле на омбудсманот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) „Лудило“ на прес-конференцијата по мечот меѓу Македонија и Грузија

Редакција

Уапсени тројца скопјани и еден полициски службеник, во автомобилот имале дрога и пиштол

Редакција

Двајцата директори на тетовската болница поднесоа оставки

Редакција