еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Бројот на смртни случаи од коронавирусот во светот се зголеми за 43%, велат од СЗО

Бројот на смртни случаи од коронавирусот во светот изминатата недела, се зголеми за 43 отсто, во споредба со претходната недела. Од друга страна, бројот на нови инфекции со Ковид-19 е за 14 отсто помал, се наведува во денешното соопштение на Светската здравствена организација (СЗО).

Минатата недела регистрирани се над 10 милиони новозаразени лица, додека над 45.000 луѓе починале.

СЗО објаснува дека поголемиот пораст на бројот на смртни случаи се должи на промената на дефиницијата за смртност од Ковид-19 во Чиле и САД, како и изменетите извештаи од Индија и регионот на Југоисточна Азија.

Според СЗО, од почетокот на пандемијата, вирусот е потврден кај речиси 482 милиони луѓе, додека повеќе од шест милиони починале.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија останува делумно слободна земја, во групата со Украина: Индекс на „Фридом хаус“

Редакција

Поради притворот на Мијалков и Камчев и Законот за амнестија „висат“ уставните измени: Има потврда за 76 гласа

Редакција

Пет нови случаи на корона вирус, четворица од Дебар една од Скопје

Редакција