еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК

Вархеји наскоро во Софија, Македонија меѓу темите на разговор со Петков

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји во наредните денови ќе ја посети Бугарија, потврди денеска портпаролката на бугарската Влада, Лена Бориславова.

Таа додаде дека меѓу темите на разговорите на Верхеји со премиерот Кирил Петков, ќе биде и дијалогот на Бугарија со Северна Македонија

– Она што сакам да го нагласам е дека не се работи за забрзување на некаква процедура, туку за преговарачка процедура што ги зема предвид реалните резултати.

Ставот нема да се промени од она што го кажавме досега. Имено – двете земји работат заедно, има подобрен дијалог, да, тоа е факт, вистинска желба да се постигнат резултати на двете страни, за да се расчистат насобраните тензии и конфликтни точки, изјави Бориславова.

МИА/Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во ЕУ досега замрзнати повеќе од 200 милијарди евра средства на руската Централна банка

Редакција

Последни денови на инфо караванот, аплицирајте за Мерка 1 од ИПАРД Програмата

Редакција

Албанија ги исполнува условите, Македонија да го реши спорот со Бугарија, порача еврокомесарот за проширување Вархеји

Редакција