еМагазин
Image default
Македонија

Пописот е неуспешен, велат од Социјалистичката партија на Македонија

Социјалистичката партија на Македонија (СПМ) оценува дека Пописот е неуспешен, нецелосен, манипулирачки и тој им нанесува штета на националните интереси на граѓаните во Македонија, велат од партијата.

„Со партиско-политичкиот инжењеринг се прават обиди да се избрише македонската нација и со тоа да се оспори македонската држава.

Со непопишување на 21,5%, или стотина илјади македонски граѓани, како од државата, така и од дијаспората, со изигрување на религиската припадност и со срамната методологија, прикажаните бројки не може да се наречат државен попис.

Јасна е намерата на попишувачот да се предизвика хаос и да се намали бројноста на македонските граѓани. Доказ за тоа е задоволството од лидерот на албанска политичка партија, а незадоволството на политичките партиии на Македонците, Турците, Ромите, Бошњаците и сите други.

СПМ истакнува дека не се почитувани европските правила за Попис. Затоа и објавениот е повеќе политичка операција со нереални показатели.

Одговорните фактори не ги согледуваат последици од оваа политичка операција која го урива мирот и спокојството во државата.

Затоа треба да се понесе одговорност, особено од страна на директорот на ДЗС заради несупешната акција што ја нарекува Попис и од кој во ниту еден случај нема да можат да се креираат реални економски и развојни политики во иднина, наместо спроведување на теснопартиски интереси по етничка основа.

Оттаму, за Социјалистичката партија на Македонија не се прифатливи резултатите од пописот – 2021 година што ги објави Државниот завод за стастистика.

Македонските социјалисти бараат нов пристап и нов Попис што ќе го спроведе легитимна власт што ќе дојде како резултат на нови избори кои треба да се одржат што поскоро“, велат од партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пописот покажува реална состојба, не се раководевме да исполниме нечие очекување, тврди директорот на ДЗС, Симовски

Реакција за Пописот и од турското МНР

Во објавените резултати од пописот има работи кои се противзаконски, вели Села

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ахмети сведочеше за „Монструм“: Стравуваме да не дојде до судири и ескалација на состојбата

Редакција

Нови 659 случаи на Ковид-19 од 1.715 тестирања

Редакција

Ќе се собере ли Собранието: СДСМ „за“, ВМРО-ДПМНЕ „против“, ДУИ допрва ќе се изјаснува

Редакција