еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Москва: Нападот на Украинците на руска територија не создава добри услови за продолжување на мировните преговори

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека денешниот „напад (во рускиот град Белгород) врз складиште за гориво не создава добри услови за продолжување на мировните преговори“.

Тој додаде дека за инцидентот е информиран претседателот на Русија, Владимир Путин и оти Москва се обидува да го реорганизира синџирот за снабдување со енергенсот.

Москва тврди дека два украински хеликоптера нападнале складиште за нафта во рускиот град Белгород. По нападот изби пожар, а повредени се две лица.

Белгород се наоѓа на околу 30 километри од украинската граница, а на 60 километри од украинскиот град Харков, што пак е бомбардиран од руските трупи уште од почетокот на војната.

Во меѓувреме, украинскиот преговарач Михаило Подољак изјави дека почна нова рунда „онлајн“ украинско-руски преговори.

– Точно е. Двете страни тоа официјално го соопштија. Преговорите продолжија во „онлајн“ формат, со учество на работните подгрупи, истакна Подољак.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Напад на Украинците на Русија: Во Белгород со хеликоптери уништија скалидиште со нафта, тврди Москва

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пендаровски: Проблемот со загадувањето на следната седница на Советот за безбедност

Редакција

(Видео) Турција почна воена интервенција во Сирија, има загинати цивили

Редакција

Русија испраќа воени бродови крај Сирија

Редакција