еМагазин
Image default
Бизнис

Фич го потврди рејтингот на Македонија – ББ со позитивен изглед

Меѓународната агенција за кредитен рејтинг Агенцијата „Фич” го потврди рејтинг на Македонија ББ, со позитивен изглед, објави Министерство за финансии.

На потврдата на рејтингот ББ влијаеа континуираната кохерентност на макроекономската и финансиската политика, кои го поддржуваат стабилниот девизен курс.

Позитивниот изглед пак го одразува постабилното политичко окружување што резултира со повисока економска доверба, пренасочувањето на политиките кон членство во ЕУ и подобрените меѓународни односи, нагласува Фич.

Во извештајот Фич нотира дека Владата постигнала кредибилен напредок во остварувањето на заложбите од промената на власта во јуни 2017 година, вклучувајќи го и имплементирањето на итните иницијативи како дел од реформскиот „План 3-6-9“, како и прашањата на транспарентноста и независноста на јавните институции.

Особено се истакнува подобрувањето на фискалната транспарентост, како и чекорите за подобрување на деловниот амбиент за малите и средните претпријатија.

Исто така нотиран е и напредокот во прашањето околу името, одлуката на Советот на ЕУ за преговори за членство во јуни 2019, како и формалната покана од НАТО за зачленувањето на Македонија по решавање на спорот со името.

Притоа, се спомнува дека резултатите на референдумот може да предизвикаат политичка неизвесност.

Фич оценува дека растот на БДП од 2,7 отсто годинава ќе забрза во следните две години, укажувајќи дека продолжената политичка стабилност и постепеното закрепнување на инвестициите ќе го зголемат растот на среден рок.

Понатаму, се оценува дека јавните финансии се во линија со оние на други слични земји. Притоа Фич проектира дефицит во 2018 година од 2,6 отсто од БДП, а државниот долг ќе изнесува 42,3 отсто од БДП.

Фич оценува дека ризиците за политичката стабилност се сеуште повисоки од групата на слични други земји како резултат на политичката криза меѓу 2014 и 2017 година.

Во извештајот се наведува дека врз подобрување на рејтингот може да влијаат подобрувањето на стандардите на владеењето и понатамошното намалување на политичката неизвесност, како и имплементацијата на среднорочна фискална консолидација, конзистентна со стабилизација на учеството на јавниот долг во БДП.

Наспроти ова, врз влошување на кредитниот рејтинг може да влијаат негативните политички движења кои би влијаеле на стандардите на владеење, економијата или насоката на владините политики, фискалната недисциплина или потенцијалните обврски, како и проширувањето на дефицитот на тековната сметка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Струмички Грозд со зголемена добивка во првите девет месеци

Редакција

Три години А1 Македонија на пазарот: Неограничен интернет за неверојатно 5G искуство

Редакција

ЕСМ склучи договор со “Марковски компани Борче“ вреден 19,5 милиони евра

Редакција