еМагазин
Бизнис

Регионот заедно ќе одлучува како ќе одговори на повисоките царини кои ги воведе Косово

Повисоките царини за 30% за увоз на овошје и зеленчук, кои ги воведе Косово пред неколку дена, предизвикаа лавина од негативни реакции во регионот.

Во среда, во Белград, како што пренесуваат регионалните медиуми, за да се договорат како ќе одговорат на оваа мерка на Косово на иста маса ќе седнат министерот за земјоделие на Македонија, Љупчо Николовски, црногорската министерка за економија, Драгица Секулиќ, министерот за трговија и економски односи на Босна и Херцеговина, Мирко Шаровиќ и српскиот министер Расим Љајиќ, кој ќе биде домаќин.

Српскиот министер побара и итна седница на ЦЕФТА, бидејќи со мерката, Косово го прекрши договорот на ЦЕФТА.

Негативни реакции стигнаа и од Европската Комисија. Од таму, како што пренесе дописничката на МИА од Брисел, бараат итно појаснувања од косовската влада за воведувањето царини врз овошјето и зеленчукот.

Испратено е и писмо до косовските власти во кое се предупредува за негативните ефекти на таа одлука.

“Европската Комисија побара итни појаснувања од властите во Косово по одлуката на владата донесена на 17 јули, која има негативни ефекти врз регионалната трговија. Комисијата очекува обврските од Договорот за стабилизација и асоцијација ЕУ-Косово да се исполнуваат и ја истакнува важноста на регионалната соработка“, стои во реакцијата на Европската Комисија испратена до МИА.

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Ќе воведе ли Македонија реципрочни мерки кон Косово: Најпогоден ќе биде извозот на доматите, пиперките и сливите

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во 2021 „Макпетрол“ вработи 150 лица и за целиот тим на компанијата исплати повеќе бонуси

Редакција

Проверете каде се можете да ги искористите ваучерите за туризам

Редакција

Недвижностите поскапеле за 21,2% во третиот квартал годинава

Редакција