еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

„Стандард и Пурс” го намали кредитниот рејтинг на Русија

Агенцијата за кредитен рејтинг „Стандард и Пурс” ја намали оценката за способноста на Русија да го отплати надворешниот долг.

Аналитичарите од агенцијата веруваат дека Русија најверојатно ќе се соочи со банкрот – првпат по револуцијата во 1917 година.

Агенцијата вчера ја намали својата оценка за Русија на „изборен стандард” откако Москва се договори да го плати својот надворешен долг во рубљи наместо во долари.

Според Агенцијата, планираните натамошни санкции што ќе и бидат наметнати на земјата ќе ја попречат „волјата и техничката способност на Русија да ги исполни условите на обврските кон странските кредитори”.

Понискиот рејтинг што го дава „Стандард и Пурс” значи дека земјата има мали шанси за отплата на ратите од различни заеми, што ги принудува доверителите да наплатуваат повисоки каматни стапки при кредитирањето на оваа земја.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Таравари во Куманово доби подршка од 75 членови на Централното собрание, од вкупно 133

Редакција

За МНР бугарската декларација е спротивна на реалноста и оди во прилог на провокаторите и ескалација на состојбите

Редакција

Казна од САД: Нема учество за Косово во воената вежба „Дефендер“

Редакција