Анџело Ѓорѓиевски, првоосомничениот за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот и се предал на полицијата.
Министерството за внатрешни работи утринава го извести Основното јавно обвинителство Скопје дека е лишено од слобода лицето А.Ѓ. по кое се трагаше врз основа на издадена Наредба за спроведување истражна постапка за кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик, информираат од Јавното обвинителство.
“Лицето се предало на органите на прогонот на територијата на Скопје.
За осомничениот, по предлог на јавниот обвинител, судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје веќе има донесено решение за определување мерка притвор во траење од 30 дена“, велат од Обвинителството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Распишана меѓународна потерница за Анџело Ѓоргиевски за убиството на хрватскиот ракометар