еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

“Навреда на македонското национално достоинство“: Сојузот на борците за отворањето на клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола

Јавен протест поради отварањето на клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола изрази Сојузот на борците од Народноослободителната и Антифашистичката војна на Македонија 1941-1945 година.

„Заради отворањето на „Културен центар Иван Михајлов – Клуб Ванчо Михајлов, ВМРО“ во Битола, бидејќи преку името на еден од најголемите експоненти на фашизмот и недвојбениот соработник на фашистичките главешини Хитлер, Мусолини, Анте Павелиќ и царот Борис III, се врши промоција и рехабилитација на фашистичката идеологија, милитаризмот и антимакедонските политики од времето на Втората светска војна, се промовира историографски ревизионизам насочен кон негирање на Националноослободителната војна на македонскиот народ и нејзините придобивки во поглед на афирмација на македонскиот национален индивидуалитет и македонската национална држава и се врши навреда на македонското национално достоинство.

Заради антимакедонските политики на официјална Софија која преку поддршката и промоцијата на „Културен центар Иван Михајлов – Клуб Ванчо Михајлов, ВМРО“ во Битола, кој е именуван со името на еден неприкриен фашистички експонент од времето пред, за време и по Втората светска војна, односно со името на фашистот Ванчо Михајлов, кој директно и индиректно, ја помагал и промовирал фашистичката, експанзионистичката, денационализаторската и асимилаторската политика кон Македонија и Македонците на фашистичка Бугарија раководена од царот Борис III и тогашниот премиер Богдан Филов, исто така сојузници и соработници на Адолф Хитлер и Бенито Мусолини, врши директен напад врз македонскиот антифашизам, врз борците за национална и социјална слобода на македонскиот народ и врз борбата за афирмација македонскиот национален идентитет и создавање на македонската национална држава.

Заради односот на македонската влада која толерира промоцијата на „Културен центар“ кој е именуван со името „Иван (Ванчо) Михајлов“, преку што директно и индиректно ја помага рехабилитацијата на фашизмот и антимакедонизмот од минатото. Истовремено и против против индолентниот однос и молкот за формирањето на здружение со име на еден од најголемите антимакедонски и фашистички експоненти од минатото, од страна на македонските претседатели на Републиката и Собранието, кои на таков начин го одобруваат загрозувањето на македонското национално достоинство и го поттикнуваат фашизмот, ревизионизмот и антимакедонизмот.

Заради молкот и индолентниот однос на македонските политички партии за формирањето на Клуб кое го носи името „Ванчо Михајлов“, со што го одобруваат ова јавно понижување на македонскиот народ и антифашизмот како идеја и пракса од македонската историја и што со тој нивни молк се солидаризираат со промоцијата на политики од минатото кои биле и се насочени против постоењето на македонската нација и македонската државност“, стои во реакцијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Добрососедство не се гради со оживување на едно мрачно минато, вели за отворањето на клубот “Ванчо Михајлов“ градоначалникот на Битола

(Фото) „Ве описменивме“: Бугарската делегација во Битола пречекана со протести

Фото: Сојуз на борци/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Цените на горивата остануваат исти, поевтинува мазутот

Редакција

Продолжуваат судењата за „Маџар телеком“, „Титаник“ и „Титаник 3“ на СЈО

Редакција

Индустриското производство во јули пораснало за 3.8%

Редакција