еМагазин
Image default
Македонија

(Фото) Делегација на Левица на чествувањето на 107-годишнината од смртта на Јане Сандански во Мелник

Денеска, највисока партиска делегација составена од претседателот на Левица, Димитар Апасиев и генералниот секретар Јована Мојсоска, беше дел од чествувањето на 107 годишнината од смртта на македонскиот револуционер Јане Сандански – предводникот на левото крило на Организацијата, информираат од партијата.

„Делегацијата учествуваше на централната манифестација, организирана од здруженијата на македонското малцинство во Мелник (Пиринска Македонија), а потоа – во Роженскиот манастир – положи и свежо цвеќе на гробот на еден од најголемите македонски дејци.

Сандански претставува маркантна личност во борбата за национално ослободување на македонскиот народ, како доследен револуционер кој се борел против врховистичките идеи на бугарските власти.

Санданизмот, во неговите чисти идеолошки позиции, претпоставува дека македонскиот народ може да ја достигне слободата само со сопствени сили – без да се потпира на туѓа помош!

Денес, кога квинслишката власт на СДС и ДУИ во Македонија го промовира неоврховизмот и се потчинува пред негаторските политики на официјална Софија, санданистичките идеали се стожерот на националната слобода и самобитноста на македонскиот народ“, велат од партијата.

Фото: Левица

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 305 лица кои боледувале од Ковид-19

Редакција

Пообилни врнежи од снег, ниски температури и голомразица во наредните денови

Редакција

Давидовиќ: УБК ги злоупотребила обвинетите од 27 април како заморчиња

Редакција