еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Министерство за правда во 2019 година, не дало одобрение за употреба на името Иван Михајлов, вели Дескоска

Јавноста со право реагира околу името на културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола, напиша на својот Фејсбук-профил поранешната министерка за правда Рената Дескоска, посочувајќи дека во 2019 година Министерството не дало одобрение за употреба на името Иван Михајлов.

– Овие неколку денови слушаме остри реакции околу името на културниот центар Иван Михајлов. Јавноста со право реагира. Се постави и прашањето околу тоа кој државен орган дозволил да се регистрира здружение под тоа име. Надлежен за регистрирање на здруженијата е Централен регистар.

Доколку во името на здружението е внесено име и презиме на историска и друга позната личност, се бара нејзина согласност, ако е почината – согласност од нејзини сродници до трет степен во права линија, а доколку такви не постојат, согласност дава Министерството за правда, пишува Дескоска.

Во 2019 година кога е регистрирано ова здружение, појаснува таа, побарано е одобрение од Министерството за правда. Министерството тогаш, посочува, не дало одобрение за употреба на името Иван Михајлов.

Министерството за правда го известило и подносителот на барањето дека не може да даде согласност за употреба на името Иван Михајлов.

– Известувањето дека не може да се даде согласност, значи дека немате согласност од надлежниот орган, Овој случај покажува дека треба веднаш да почне постапка за носење измени на законот за здруженија и фондации во кои ќе се пропише јасна постапка за регистрирање на истите, јасни критериуми кои имиња би биле забранети за употреба и да се предвиди компетентна комисија која ќе оцени дали одредено лице е историска личност и да дава предлог за одобрување или не одобрување на употреба неговото име, објави Дескоска на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Совет на амбасадори: Присуството на бугарска делегација на отворање клуб со контроверзно име – несоодветен обид за промоција на напредок во приближување на ставовите на двете влади

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Како да извадите сертификат за патување во неколку чекори

Редакција

Кој е наследникот на Караџовски, Киро Здравев, новиот претседател на Судскиот совет

Редакција

Подгответе се на трпение за во сообраќајот во Скопје до Нова година: „Македонија блокира“ остануваат на улица

Редакција