Витаминка АД Прилеп во информација објавена на Македонската берза, ги објави имињата и биографиите на кандидатите за членови на Одборот на директори на компанијата.
Кандидати се Симон Наумоски, неизвршен член, Сашо Наумоски, член, Благоја Ѓорѓијовски, неизвршен член, Маја Кадиевска Војновиќ, неизвршен член, како и Горан Трајковски, кој на јавноста и е познат пред се како поранешен прв човек на Управата за јавни приходи (УЈП), како неизвршен член.
Актуелни членови на Одборот на директори на Витаминка се Симон Наумоски, претседател на Одборот и неизвршен член, Сашо Наумоски, генерален извршен директор и извршен член, Благоја Ѓорѓијовски, неизвршен член, Горан Рафајловски, независен неизвршен член и Марјан Бојаџиев, независен неизвршен член.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Колку акции поседуваат во Витаминка кандидатите за членови на Одборот на директори на компанијата
Витаминка лани работела со добивка