еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

Европската комисија засега не планира укинување на ковид сертификатите

Од Европската комисија денеска порачаа дека е прерано да се укинат ковид сертификатите иако тие сѐ помалку се користат во земјите членки на ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел.

Ова денеска го изјави портпаролот на ЕК, Кристијан Виганд, на редовниот брифинг за новинари во Комисијата.

Законскиот предлог за ковид сертификатите, со кои се патува во ЕУ и уште шеесетина земји приклучени кон системот, е продолжен веќе два пати, сега до крајот на јуни.

Виганд рече дека ќе се предложи уште едно пролонгирање после тоа.

-Затоа што не знаеме каква ќе биде епидемиолошката состојба наесен, нови соеви може да се појават, добро е да останеме подготвени, а некои земји сѐ уште го користат сертификатот на национално ниво, додаде портпаролот.

Европската Комисија со задоволство ќе предложи негово укинување кога веќе нема да има потреба од овој сертификат, но засега тоа не е случај.

Виганд додаде дека сертификатите овозможија да се патува безбедно во ЕУ од почетокот на епидемијата, но дека целта на овој документ не е да биде предуслов за патување.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа шест нови лица од корона вирусот, вкупно до сега 216

Редакција

Нови 14 случаи на Ковид-19 од 1.489 тестирања

Редакција

Се уште се трага по возачот и евентуални патници од возилото кое падна во Вардар кај Желино

Редакција