еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

„Лидл“ заинтересиран да отвори маркет во Кисела Вода – во опција се неколку локации, но и отворање на регионален центар

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, на својот Фејсбук профил информираше дека имал прилично конструктивна средба со претставниците на „Лидл” од претставништвата во Бугарија и Македонија, кои пројавиле интерес за инвестирање во Општина Кисела Вода.

„Подискутиравме околу достапните локации на кои би можеле да се отворат маркети, но и регионален дистрибутивен центар на германскиот гигант, кој е присутен секаде во нашето соседство, освен во Македонија.

На овој работен состанок им ги презентиравме погодностите кои Општина Кисела Вода ги нуди, како средина која има добра местоположба и развој кој одговара на потребите на оваа компанија.

Задоволен сум што потенцијалните инвеститори ја препознале новата енергија со која функционира оваа локална самоуправа и ги согледале актуелните перспективи, инвестициските можности и новите проекти кои ги спроведуваме во различни области со цел унапредување на општината.

Конкретно, инвестицијата би вредела неколку милиони евра и би значела вработување на огромен број лица.

Вреди да го споменам и фактот дека вработените би имале плати кои се околу или над просечните во Македонија,“ пишува Ѓорѓиевски.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Помалку фирми, повеќе граѓани на новата Листа на должници на УЈП

Редакција

Убава вест: Нема починати од Ковид-19 во изминатото деноноќие

Редакција

Утре започнува етапната исплата на мартовски пензии, со дополнителни 1.000 денари финансиска поддршка

Редакција