Во интерес на учениците и непречен воспитно образовен процес, како и во интерес на наставниците и унапредување на нивниот општествено материјален статус, во текот на завчерашниот ден постигнавме согласност со Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) ,12 проценти повисоки плати во образованието од месец јули, заедничко утврдување на методологија за раст на платите која би се применила од 2023 година и исплата на регрес за годишен одмор исто така од следната година. Но, зборот на СОНК не издржа ниту едно деноноќие, објави министерот за образование и наука Јетон Шаќири на Фејсбук.
Тој во објавата посочи дека променетата одлука на синдикалното раководство е на штета на нашите млади, учениците од основните и средните училишта.
– Министерството за образование и наука цени дека премногу настава е изгубена досега и тоа мора да престане. Доволно голем е јазот во знаењето кој го создаде овој штрајк со целосно блокирање на работата на училиштата и тој повеќе не смее да се продлабочува.
Ги повикуваме директорите на училиштата, како одговорни за организирањето на работата на овие образовни установи, од утре да ги отворат вратите на училиштата и да продолжат да организираат настава согласно законите за основно и средно образование. Имаат надлежности и одговараат за непостапување по истите, потенцира Шаќири.
Тој ги повика и родителите/старателите на учениците од денеска да продолжат да ги пуштаат/носат своите деца на училиште. Тие, како што додаде, се најмалку виновни што губат настава поради несериозноста на една организација, но можат многу да помогнат во нормализирањето на состојбите.
– Да го завршиме ова лошо поглавје од тековната учебна година и да им овозможиме иднина на децата. Многумина од нив ги чекаат уписи во средни училишта или факултети. Многумина одлучиле да се вработат по завршување на средното образование, но неизвесно е доделувањето на дипломите во предвидениот рок. Да не ги уништуваме нивните планови и очекувања. Сите имаме одговорност, заклучува министерот за образование и наука.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Продолжува штрајкот во училиштата, градинките од утре работат редовно
Фото: МИА