еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Имаме алатки кои никој ги нема: Путин вети „молскавичен одговор“ на каква било надворешна интервенција во војната во Украина

Рускиот претседател Владимир Путин вети „молскавичен одговор“ доколку некој сака да интервенира надвор од Украина и да претставува стратешка закана.

Тој го истакна ова пред пратениците во Санкт Петербург, кои се собраа во палатата Таурид.

Тој увери дека Русија има алатки за можен одговор, кои нејзините противници ги немаат.

– За тоа ги имаме сите потребни алатки – оние со кои никој не може да се пофали во моментов. И нема да се фалиме, ќе ги искористиме ако треба. Сите одлуки за ова прашање се веќе донесени. рече Путин.

Според Путин, сите цели и задачи на „специјалната операција“, како што тој ја нарекува инвазијата, во Украина ќе бидат исполнети.

Според него, руските противници не сакаат толку голема земја како Русија.

– Нашите војници и офицери спречија реална опасност над нашата земја, спречија конфликт од големи размери што би се одвивал на нашата територија во странско сценарио, смета тој.

Според Путин, „западните непријатели“ планирале економски да ја задушат Русија, но тоа не успеало. А пред тоа, западните земји ги охрабруваа сепаратистите на Кавказ. Ним не им треба независна држава, со самото постоење Русија им е закана. Сепак, заканата се тие самите, рече Путин и додаде дека се сеќава на „варварските планови“ на фашистите за советскиот народ.

МИА/Фото: РТ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата објави „црна листа“ на борци од Македонија кои се бореле за ИСИС во Сирија

Редакција

Македонија силно ја поддржува аспирацијата на Шведска и Финска за членство во НАТО

Редакција

ГТЦ доби нов Одбор на директори

Редакција