еМагазин
Image default
Бизнис

Централна кооперативна банка во првите три месеци со добивка

Централна кооперативна банка АД Скопје во првите три месеци од годинава оствари позитивен финансиски резултат од 10,04 милиони денари, којшто е значајно подобар во однос на истиот период минатата година, информираат од Банката преку Македонската берза.        

„Работењето на Банката во првото тримесечје од 2022 година се одвива во услови на благо закрепнување на економијата, охрабрено со масовната имунизација на населението, но во  присуство на ограничувачките фактори поврзани со нови бранови на пандемијата Ковид–19 и со растечките геополитички ризици и ескалирачката воена тензија во Украина.

Европа се соочува со енергетска, безбедносна и бегалско-хуманитарна криза, на која се надоврзува опасноста од недостиг на храна. Воената тензија најавува забавен раст на економиите во Европа, а забавувањето на германската економија, како наш најголем трговски партнер, означува неповолности врз растот на македонската економија.

Во вакви околности, Банката забележа пораст на вкупната актива/пасива од 1,5% во однос на крајот од минатата година и остварување на поставениот план од 97.3%.

Позицијата вложувања во хартии од вредност е пониска во однос на крајот на претходната година за 5% и пониска од планот за 11,5%. Паричните средства и парични еквиваленти се намалени за 12,2% и пониски од планот за 6%.

Во првото тримесечје на 2022 година, евидентиран е пораст на кредити на и побарувања од други комитенти за 0,9% во однос на крајот на годината, при што планот е исполнет со 99%. Порастот во најголем дел е остварен при одобрување кредити на физички лица.

Позицијата останати побарувања бележи пораст во однос на крајот од минатата година и во однос на планот за 30,2%. Оваа позиција во Билансот на состојба е со висок износ како резултат на евидентираната авансна исплата на пензиите на крајот од месецот.

Позициите нематеријални средства и недвижности и опрема бележат пад во однос на крајот на минатата година, кој се должи на континуираната амортизација на овие средства.

Позицијата депозити на други коминтенти бележи благо опаѓање во однос на крајот од годината од 1,8%, но и во однос на планот за 3,3% што се должи на растечката инфлација во економијата и повлекување на дел од депозитната база од банките“, велат од Банката.

Благото намалување на изворите на средства доведе до намалување на расходите за камати за 3,6% во првото тримесечје од 2022 година во однос на истиот период м инатата година. Остварените расходи за камати во 2022 година, во однос на планираните, се пониски за 3,3%, велат од Банката.

„Наспроти нагорниот континуитет на кредитна активност во сегментот население, во услови на висока конкуренција, Банката оствари пониски приходи од камати за 3.1% во споредба со истиот период минатата година. Остварените приходи од камати со првото тримесечје на 2022 година, во однос на планираните, се пониски за 4,4%.

Во услови на континуиран тренд на намалување на активните каматни стапки, но зголемени каматни стапки на државните записи, поради растечката инфлација во економијата, при намалени расходи од камати, Банката оствари повисок нето-каматен приход во однос на истот период претходната година од 2,9%.

Во првото тримесечје на 2022 година, забележан е пораст на приходите од провизии за 1,3% во однос на истиот период минатата година и исполнување на планот од 98,5%. Тој пораст придонесе кон пораст на позицијата нето-приходи од провизии и надомести за 2,3%, во однос на истиот период претходната година, додека планот е надминат за  2,7%.

Нема разлики во однос на позицијата трошоци за вработените, во однос на истиот период претходната година. Оваа позиција отстапува во однос на планот, бидејќи планираните дополнителни вработувања се одложени за следните месеци.

Позицијата останати расходи од дејноста бележи пораст од 3.6% во однос на истиот период минатата година, но во однос на планот остварени се пониски останати расходи од дејноста за 7,4%.

Останатите приходи од дејноста се 73,4% повисоки во однос на претходната 2021 година и во однос на планираните за 30,6%.

Со првото тримесечје на 2022 година, реализирани се пониски нето–приходи од курсни разлики за 82,2% во однос на минатата година.

Расходите за амортизација бележат пад од 7,2% во однос на истиот период минатата година и 4,8% во однос на планираните, како резултат на одложени набавки на основни средства.

Со 31 март 2022 година, евидентно е намалување на издвоените резервации за кредитните изложености на физичките лица, при што е издвоена исправка на вредноста на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансната изложеност, на нето-основа во износ од 2,6 милиони денари, односно забележано е подобрување на оваа позиција за 7.2 милиони денари во однос на истиот период минатата година“, велат од Банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За плати на Управниот одбор на Централна кооперативна банка лани исплатени 8,5 милиони денари бруто

МКБ склучи договор со Централна Кооперативна Банка АД Скопје за продажба на сопствени извештаи за физички и правни лица

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нова листа на должници на УЈП: 4.559 граѓани и фирми должат 164 милиони евра

Редакција

Граѓаните на банките им довериле 340 милијарди денари

Редакција

НЛБ Банка со нова кредитна линија за стимулирање и развој на домашните компании

Редакција