еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Директорот на ЈСП, Иван Илиевски си поднесе оставка, од Град Скопје велат дека му престанал мандатот

Ја информираме јавноста дека на досегашниот вршител на должноста директор во Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП), Иван Илиевски му престана мандатот како в.д. директор, постапката за избор и именување на нов в.д. директор на ЈСП е во тек, информираат од претпријатието, откако во јавноста се појавија информации за негова оставка.

„На досегашниот директор градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, му се заблагодари за досегашната професионална соработка во Јавното сообраќајно претпријатие, кое го наследи со огромни милионски долгови и кој покрај лошата состојба во која беше затекнато јавното претријатие со неговиот добар менаџмент и посветена работа, претпријатието го остава во добра организациска поставеност, решен голем број на проблемите како на граѓаните така и на вработените.

Од преземањето на функцијата, во рок од еден месец, в.д директорот Иван Илиевски во ЈСП презема повеќе мерки за зголемување на бројот на автобуси на сите линии, а вратени беа во функција и повеќе линии кои речиси две години беа времено укинати.

Истовремено, во сообраќај се пуштија неколку пробни линии, сето ова со цел да се олесни на граѓаните, корисници на јавен превоз, подостапно и побрзо превезување од/до потребните дестинации,“ информираат од Град Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иван Илиевски назначен за в.д директор на ЈСП

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Плата над 31 илјада денари плус додаток за станбено обезбедување: Објавен оглас за прием на 150 професионални војници

Редакција

Јаневски: Туризмот не треба да биде скапа играчка во рацете на мало дете

Редакција

„Тојота Авто-Центар“ го доби тендерот на Град Скопје за набавка на автомобили вреден 102.000 евра

Редакција