еМагазин
Image default
Спорт ТОП СТОРИИ

(Видео) Срамота за фудбалот во Тетово: Каменувани фудбалер и помошник судија и расизам на мечот помеѓу Шкендија и Шкупи

Вчерашниот меч помеѓу Шкендија и Шкупи во Тетово, кој заврши без голови, го следеа бројни инциденти, кои почнаа уште пред натпреварот.

Играчите на Шкупи беа нападнати на влезот на стадионот, а на навивачите на фудбалскиот клуб од Скопје не им беше дозволено да отпатуваат за Тетово.

За време на мечот беа фрлени тоалетнии хартии и беше употребен огномет, кои доведоа до прекини на натпреварот.

Кон крајот на првото полувреме со камен беше погоден играчот на Шкупи, Ардит Иљази, а камења „летаа“ и кон други играчи на клубот.

Со тврд предмет беше погоден и еден од помошните судии, што доведе до тепачка помеѓу играчите на двата тима.

Како сето тоа да не беше доволно, па за време на натпреварот, домашните навивачи испуштаа и мајмунски звуци упатени кон фудбалерот на Шкупи од Нигерија.

Видео: TV Shenja/TV 21

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Меѓу нив и инфлуенсерка и наводна ќерка на политичар: На Миконос уапсени тројца македонски државјани – шверцери на дрога

Редакција

Денеска трета рунда преговори меѓу Русија и Украина

Редакција

Убава вест: 96 оздравени од Ковид-19

Редакција