еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Само со почитување на правото на самоопределување може да зборуваме за обединета Европа, вели Пендаровски

Денес гледаме дека победата на слободата, човековите права, демократијата и еднаквоста е загрозена во моментот кога поверувавме дека е целосно извојувана. Токму денес, во екот на новите крвопролевања, треба повеќе од кога било да се потсетиме на поуките од минатото, а 9 мај е еден од оние датуми – темелници на вистинските цивилизациски вредности, истакна претседателот на државата Стево Пендаровски во пораката по повод Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа.

Додава дека Денот на победата над фашизмот е оддавање почит на милионите животи згаснати во борбата против окупаторот, ден кога, како што напиша во пораката – „со гордост се потсетуваме дека сме биле, сме и ќе останеме на вистинската страна на историјата“.

– Денот на Европа, кој ја слави идејата за траен мир и заедништво на континентот, е уште еден потсетник за клучната вредност на патот кон европското обединување на различностите.

Само достоинствено, со почитување на правото на самоопределување може да зборуваме за обединета Европа. Победата над фашизмот е и победа за Европа, напиша шефот на државата во пораката.

Фото: Кабинет на претседател

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Меѓу нив и актерот Тони Михајловски: ВМРО-ДПМНЕ објави уште 19 кандидати за градоначалници

Редакција

Македонија од денеска, цела година ќе биде претседавач на ОБСЕ

Редакција

Нови снимки од ПИ мерките за „Рекет“: Боки-13 и Кичеец биле снимани во „Воденица“ и „Интермецо“

Редакција