еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Двајца битолчани осомничени за говор на омраза на прославата на Илинден на Мечки Камен

Прилепското јавно обвинителство постапува по пристигната кривична пријава против две лица и други непознати лица за сторено кривично дело „Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа“ за време на одбележувањето на илинден на Мечкин Камен.

– ОЈО Прилеп презема дејствија за утврдување на факти и прибирање докази во врска со нападите и говорот на омраза кои беа изречени за време на одбележувањето на државниот празник на Мечкин Камен, се вели во соопштението од Јавното обвинителство.

Во обвинителството, како што се наведува, е пристигната кривична пријава поднесена од МВР – СВР Битола, против две лица и други непознати лица а за сторено кривично дело – Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа од член 319 од Кривичниот законик.

– Со кривичната пријава на двајцата осомничени, жители на Битола, заедно со засега се уште непознати лица, им се става на товар дека за време на прославата употребувале говор на омраза кој бил забележан на видео запис и емитуван на една од националните телевизии. Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп во континуитет презема дејствија за да го расчисти кривично правниот настан, се вели во соопштението.

Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија ги зголеми шансите за пласман на Европското првенство, ја победи Малта

Редакција

(Фото) Мала Америка во Кавадарци: Инвестиција од 30 милиони евра во модерен повеќенаменски комплекс

Редакција

Се јави Груби, тврди дека немало раскол во ДУИ, сите биле построени позади Ахмети

Редакција