еМагазин
Image default
Македонија

Струга полна со питачи од други градови

Во екот на туристичката сезона, Струга преплавена со питачи. Низ струшките улици, чаршискиот мост, струшката чаршија, покрај кејот и плажите се среќаваат голем број лица пред се од ромска националност кои од граѓаните и туристите бараат пари.

Најчесто се среќаваат бебиња и деца, но има и возрасни кои боси, со извалкана и стара облека чекаат на милост од граѓаните.

Полицијата, според портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, е постојано на терен и во соработка со Центарот за социјални работи ги носат лицата во полициска станица за идентификација.

–  Се работи за лица од Битола, Прилеп, Штип…, кои доаѓаат со цел  питачење. По идентификација во соработка со полициите од другите градови ги враќаме од каде што се. Лицата се враќаат многу брзо назад, можам да кажам побрзо се враќаат отколку што трошиме време да ги вратиме каде што живеат, вели Димоски за МИА.

Во моментот низ Струга може да се забележат најмалку 20-тина лица распоредени на различни локации.

– Проблемот со питачењето се зголемува во летниот период. Најизразен е во туристичката сезона и негативно влијае на општата слика за туристичките центри, смета Димоски.

Полициски службеници, додаде тој, вршат контроли и на места каде што имаат сознанија за привремено сместување на овие лица, од каде исто така, преземаат соодветни мерки за нивно враќање во местата на живеење.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ВМРО-ДПМНЕ ќе го блокира новиот Законот за амнестија кој го подготви власта

Редакција

Филипче нема да се кандидира за претседател на СДСМ

Редакција

Камчев за Фокус: Гласот од снимките е мој, средбата е оддржана во Бугарија во август

Редакција