еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Кина ја „искара„ СЗО по забелешки за тоа како се справува со пандемијата со Ковид-19

Кинеското Министерство за надворешни работи го повика генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејсус, да избегнува „неодговорни“ забелешки.

Портпаролот на Министерството Џао Лиџијан реагираше поради изјавата на Тедрос, кој рече дека кинеската политика на нулта толеранција кон Ковид-19, не е одржлива.

Портпаролот на редовната конфереција за новинари ги бранеше кинеските мерки во борбата против пандемијата од коронавирусот.

Тој додаде оти Кина се надева дека генералниот директор на СЗО може објективно да ја набљудува кинеската политика во борба против вирусот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кинеската политика за Ковид-19 со нулта стапка е неодржлива, велат од СЗО

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео+фото) Снег во Хрватска, БиХ и Словенија

Редакција

Пратениците од внатрешноста од 1 септември ќе можат да добиваат 500 евра за стан во Скопје

Редакција

ЗНАМ на Максим Димитриевски ги објави носителите на листите за парламентарните избори

Редакција