еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Времето денеска сончево и топло, наредните денови дождови

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 31 степен. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје ќе биде претежно сончево и топло со слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 30 степени.

Во наредните денови се очекуваат врнежливи денови, во вторник доцна попладне и кон крајот на денот ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, особено во северните делови.

Локални врнежи од дожд ќе има и во среда, кога дневната температура ќе се намали.

Од среда до петок ќе дува засилен северен ветер.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Шест нови случаи на коронавирусот, вкупниот број се искачи на 18 лица

Редакција

Ненадејно почина врвниот музичар Милан Завков, првенецот на Танец и истакнат инструменталист

Редакција

Како ќе функционира “Европската политичка заедница“, која ја предлага Макрон

Редакција