еМагазин
Бизнис

МШЗВ: Земјоделците да не манипулираат со цената на пченицата

МЗШВ апелира земјоделците да не шират дезинформации околу откупната цена на пченицата.

Трајан Димковски, шефот на кабинет на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство рече дека сумата што ја посочуваат од седум до 8,5 денари се однесува на пченица за сточна храна, а не на онаа квалитетната, за лебно зрно.

Тој додаде дека во Макеоднија има млинови што ја откупуваат пченицата и за 11 денари, но се работи за род со висок квалитет. Ваква цена не може да постигнат земјоделци со по пет хектари жито, туку големите со 300 – 500 хектари.

– Да не си играме и да не манипулираме со цената на пченицата. Идејата е да добиеме квалитетен производ, а не веднаш да зборуваме за ниски цени за да се добијат дополнителни два денара поддршка – нагласи Димковски.

На квалитетно зрно, дополни, отпаѓаат нешто под десет отсто од вкупниот годинашен принос.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

До 300 милиони евра ќе бидат потребни за планот за непречено снабдување со струја

Редакција

Современ дом лани работел со добивка

Редакција

Народната банка прва во светот според застапеноста на жените на раководни места во финансиските институции според британскиот тинк-тенк ОМФИФ

Редакција