Пратеникот на владејачката бугарска партија „Продолжуваме со промената“, Венко Сабрутев побара од Македонија на Бугарија да и ги врати моштите на цар Самуил, пренесуваат бугарските медиуми.
„С. Македонија и нејзиното вето за пристапување во Европската унија не е главно прашање за народот во моментов. Нема да го укинеме ветото доколку С. Македонија не даде гаранции и гестови дека ќе ги исполни своите обврски.
Еден таков гест е враќање на коските на цар Самуил кај нас“, изјави Сабрутов.
Моштите на цар Самоил, како што е познато не се во Македонија, туку во Грција, а како што пишуваат бугарските медиуми, Бугарија веќе подолго време преговара со Грција да и ги даде.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Википедија
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.