еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Петков по средбата со Ковачевски: Не се обврзавме на никакви рокови

Најважно за владите на Бугарија и на Северна Македонија е да продолжат со конструктивниот дијалог и да не подлегнуваат на провокации од некои групи кои се обидуваат да ги зголемат тензиите, изјави денеска во Рим претседателот на бугарската Влада, Кирил Петков по средбата со премиерот Димитар Ковачевски.

Петков во изјава за бугарските медиуми повтори дека е потребно да се свика бугарскиот Консултативен совет за национална безбедност на кој би се разговарало за сето она што досега го направиле владите на двете земји.

– Само преку конструктивен дијалог ќе можеме да продолжиме во насока на добрососедство што го сакаат двете влади, рече Петков, додавајќи дека се надева оти следниот чекор ќе биде свикување на Консултативниот совет за национална безбедност од страна на бугарскиот претседател Румен Радев, за да се разгледа се што е постигнато од досегашните средби.

– Не се обврзавме на никакви рокови, единственото нешто на што се обврзавме е да го задржиме добриот тон, а министерствата за надворешни работи да продолжат да работат. Ветивме дека ќе го задржиме конструктивниот тон.

Очекуваме во наредните недели и месеци различни групи кои не сакаат добрососедство меѓу Бугарија и Република Северна Македонија да се обидат да предизвикаат провокации, изјави Петков, додавајќи дека со премиерот Ковачевски потврдивме дека посветеноста на добрососедство е важна и заедничка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковачевски по средбата со Петков: Во моментов не може да се зборува за каков било напредок со Бугарија

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарите го отворија центарот „Ванчо Михајлов“ во Битола за да некој го запали

Редакција

Починаа нови пет нови лица од корона вирусот, вкупната бројка изнесува 351

Редакција

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 970 пациенти болни и суспектни на Ковид-19

Редакција