еМагазин
Image default
Македонија

Судиите и обвинителите ќе добијат повисоки плати, законските измени поминаа на Влада

Владата денеска ги прифати измените и дополнувањата на Законот за плати на јавните обвинители.

Како што појаснува владината прес-служба, со предложените одредби се прилагодува коефициентот за утврдување на плата на јавните обвинители и вкупните заложби за подобрување на материјалните и финансиските ресурси во правосудниот систем вклучително и платите и другите надоместоци на јавните обвинители.

Цел на предложените законски измени, додаваат, е надградување на системот на плати на јавните обвинители, соодветни на значењето и угледот на функцијата кои тие ја вршат, тежината на работата и нивната одговорност.

Владата ги утврди и измените и дополнувањата на Законот за изменување на Законот за судска служба.

– Основната цел на Предлогот на законот е постигнување на еднаквост на вработените во приватниот и јавниот сектор, судската служба како негов дел, со најниските примања преку воспоставување на ист износ на законска минимална плата и скалесто усогласување на останатите плати на судските службеници од сите нивоа, како и обезбедување на континуитет на промените на платите во судската администрација во однос на минималната плата на национално ниво, како долгорочна цел.

Истовремено, во рамките на усогласувањето на Законот за судска служба со Законот за минимална плата во Република Северна Македонија, се врши и зголемување на платите на вработените во судската служба за 15 посто, се вели во соопштението.

Владата денеска го утврди и текстот на Предлог-законот за изменување на Законот за јавно обвинителска служба кој, како што посочуваат од Владата, има за цел воспоставување на ист износ на законска минимална плата и скалесто усогласување на останатите плати на јавно обвинителските службеници од сите нивоа, како и обезбедување на континуитет на промените на платите во јавно обвинителската администрација во однос на минималната плата на национално ниво, како долгорочна цел.

– Во рамките на усогласувањето на Законот за судска служба со Законот за минимална плата во Република Северна Македонија, се врши и зголемување на платите на вработените во судската служба за 15 посто, стои во соопштението.

На предлог на Министерството за правда, на денешната седница се утврдени и измените на Законот за платите на членовите на Советот на јавни обвинители.

– Во предложениот законски текст се менуваат коефициентите за утврдување на плата на членовите на Советот со цел надградување на системот на плати на членовите на Советот на јавните обвинители, соодветни на значењето и угледот на функцијата кои ја вршат, тежината на работата и нивната одговорност, соопшти прес-службата на Владата.

Сите овие измени и дополнувања на Законот за плати на јавните обвинители, на Законот за судска служба, на Законот за јавно обвинителска служба и на Законот за платите на членовите на Советот на јавни обвинители на Македонија, ќе бидат доставени на усвојување во Собранието.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прифатени три, од четирите кандидатури за претседател на СДСМ: Кој влезе во „трката“, кој отпадна?

Редакција

Владата го достави до Собранието дополнувањето на „францускиот предлог“

Редакција

Најголем број од вакцинираните граѓани се со „Синофарм“, 147.998 со прва и 103.707 со втора доза

Редакција