еМагазин
Image default
Македонија

СЈО влезе во Општина Аеродром, одземена документацијата на Ивица Коневски

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) влезе во Општина Аеродром, објави Макфакс.

По краток увид, специјалните истражители ја одзеле сета документација водена во периодот додека градоначалник бил Ивица Коневски.

Вработените на истражителите на СЈО им отстапиле деловни книги, проекти, фактури кои во картонски пакети биле изнесени од Општината. Посетата на истражителите во Аеродром била пред десетина дена, пишува Макфакс.

Ивица Коневски беше градоначалник на Општина Аеродром два мандата, од 2009 година до 2017 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поднесени обвиненија за 6 лица за несреќата на автобусот на „Дурмо турс“: Автобусот бил технички неисправен подолго време

Редакција

Вкупно 8.111: Нови 136 случаи на Ковид-19, во Скопје најмногу

Редакција

Почесниот конзул на Малта во Македонија, Анѓушев го честита Денот на републиката

Редакција