еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Воздухот во Тетово загаден од пожарот, учениците два дена нема да одат на училиште

Засега нема повредени, освен неколку интервенции кај задушени луѓе поради чадот од пожарот во Тетово кој во 9 часот избувна во објектите на поранешната фабрика „Македонија табак“.

Поради пожарот, Секторот за образование на Општина Тетово одлучи сите ученици да не одат на настава овие два дена.

-Апелирам до сите граѓани да остануваат дома, да не излегуваат ако немаат никаква работа, не дека е критично, но поради загадување на воздухот да останат дома, да видиме што ќе се случи.

Ние со пожарникарите сме на терен. Тие работат да го блокираат загадувањето на воздухот, да го локализираат пожарот, изјави Бесар Дурмиши од Совет на Тетово.

Побарале помош од Општина Гостивар и Град Скопје.

-Тие се дојдени и од нивна страна е побарано да дојде хеликоптер за да го запре пожарот, рече Дурмиши.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Во Тетово голем пожар во поранешната фабрика „Македонија табак“

МИА/Фото: Општина Тетово

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Активни три пожари, вчера имало 27

Редакција

Со возило удрил во полицаец на крстосница во Скопје

Редакција

Истражување: Топењето на мразот зголемено за 60 проценти

Редакција