еМагазин
Image default
Македонија

Македонски државјанин уапсен на косовско-албанската граница поради обид да подмити полицаец со 5 евра

Државјанин на Република Северна Македонија е приведен од страна на косовската полиција, поради обид да поткупи со пет евра полицаец кој му ги прегледувал патните исправи, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во дневниот извештај на косовската полиција се наведува дека настанот се случил вчера (вторник, 31 мај), на граничниот премин Вермица/Морина на косовско – албанската граница.

По налог на надлежен обвинител македонскиот државјанин е пуштен да се брани од слобода, додека пасошот му е запленет до завршувањето на судските процедури.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Родители преку онлајн петиција бараат далечинска настава

Редакција

Тим на лекари од Клиниката за детски болести утре ќе ги испитуваат причините за респираторни инфекции кај децата во гевгелиската болница

Редакција

Како е киднапиран и убиен Панче Жежовски?

Редакција