еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Абрамович го тужи Советот на ЕУ поради санкциите

Рускиот милијардер Роман Абрамович поднесе тужба против Советот на Европска Унија, бидејќи Абрамович е дел од серијата мерки насочени кон Русија и сојузниците на рускиот претседател Владимир Путин.

Абрамович е еден од неколкуте руски олигарси, блиски до Путин, кои ЕУ ги санкционираше во март и им ги замрзна имотите. Абрамович негираше дека е во добри односи со рускиот претседател.

Британската Влада го принуди Абрамович да го продаде фудбалскиот клуб Челзи, што пред три дена беше продаден за 3,2 милијарди долари.

Португалските власти потврдија дека продажбата на Челзи не била од корист на Абрамович или неговите соработници, бидејќи средствата ќе бидат искористени за хуманитарни активности во Украина.

Британската Влада во април ги замрзна имотите на руските бизнисмени Јуџин Тененбаум и Давид Давидович, вредни 10 милијарди фунти.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вознемирувачки снимки од суперќелиската бура која го погоди Балканот, има и неколку жртви

Редакција

Сите што протестираа во Ченто ќе добијат кривични, детали за инцидентот од МВР

Редакција

Од 1. јули рестораните работат и на затворено со исполнетост до 40%, одлуката не важи за дискотеките, кабареата и клубовите

Редакција