еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(Фото) Падна таванот во две простории во градинка во Тафталиџе

Градоначалникот на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски изутрината беше на увид во просториите на градинката „Мајски цвет“, клон „Јасмин“, во населбата Тафталиџе 2, каде во текот на викендот паднал таван од гипс картон во две простории, а во уште една е оштетен.

– Ја утврдуваме причината, Најверојатно се работи за технички проблем. Веројатно олуците не биле исчистени поради што дошло до нивно запушување. Имајќи предвид дека станува збор за скриен покрив, водата прелила преку олукот врз изолацијата која натежнала на плафонот од просторијата кој е изработен од гипс картон, изјави градоначалникот Јакимовски по извршениот увид.

При увидот, истовремено забележани се и некои технички пропусти при градбата на објектот. Од тие причини градоначалникот побара да се проверат проектите, понудата и завршните ситуации по што ќе бидат објавени дополнителни информации во врска со случајот, информираат од Општината.

Фото: Општина Карпош

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Големо невреме во Делчевско: Поплавени улици, подруми, срушени бандери, оштетени куќи

Редакција

Инвеститорите во ТИРЗ бараат разјаснување, како да аплицираат за да постават фотоволтаици на нивните фабрики

Редакција

Филипче: Од денеска ќе бидам во домашна изолација

Редакција