еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Започнат е процесот на консултации во ЕУ за францускиот предлог, откри Османи

Опозицијата да не се обидува прашањето околу нашите евроинтеграции да го стават во функција на партиските митинзи, порача министерот за надворешни работи Бујар Османи во коментар на објавените информации од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за наводната содржина на заклучоците на француското претседателство во однос на евроитегрaцијата на земјава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Барањата на Бугарија влегуваат во преговарачката рамка, тврди Милошоски

Францускиот предлог предвидува ЕУ да биде гарант дека Mакедонија ќе ги исполни барањата на Бугарија, тврди бугарски медиум

-Мислам дека опозицијата се обидува да создаде атмосфера пред нивниот протест, за да повлечат некој човек повеќе. Мислам дека досега не се покажаа кредибилни нивните ставови и извори.

Тоа што јас можам да кажам е дека е започнат процес на консултации помеѓу земјите членки пред да се усогласи став на сите земји членки по однос на процесот понатаму за да може да стигне кај нас, за да ние ги анализираме тие предлози и дадеме наши забелешки, доколку има такви забелешки.

Значи процесот е тој. Прво, француското претседателство дава предлози коишто ги дистрибуира до сите земји членки. Секоја земја членка може да даде забелешки вклучувајќи ја и Република Бугарија.

Атмосферата во Република Бугарија, сите сме сведоци каква е. Затоа јас не би влегол во коментарни на различните предлози, бидејќи сметам дека е прво важно да ги слушнеме ставовите на сите земји членки, а отпосле ќе ги кажеме ние нашите ставови, рече Османи на новинарско прашање на завршната прес-конференција по повод Преспа форумот за дијалог во Охрид.

Тој оцени дека опозицијата со ваквите потези се обидува овој процес да го стави во функција на партиските интереси.

-Овие обиди на опозицијата да го стави овој важен процес за држаата и многу сензитивен во многу сензитивен период во функција на партиските активности утре или задутре, мислам дека е несериозен. Тоа што може опозицијата да направи во интерес на државата и на граѓаните е да ми се обрати, да комуницира, да понуди помош.

Ние ќе ги споделиме сите информации што ги имаме со нив, затоа што сметаме дека ова прашање ги надминува рамките на едни политички партии, рамките на Владата, туку ги засега сите граѓани, ја засега државата.

Значи тоа е мојата порака до нив да не се обидат ова прашање да го стават во функција на партиските митинзи, туку да ми се обратат. Мојот телефон го имаат, ќе ги споделам со нив сите информации што ги имам, рече Османи.

Тој потвди дека се запознаени со сите информации уште пред да излезат, преку редовните канали за комуникации и повтори дека се чека ставот на земјите членки за потоа ние да ги кажеме нашите забелешки, а секоја наша одлука ќе помине низ Парламентот.

-Се разбира наша задача е да ги имаме сите информации уште пред да излезат, бидејќи тогаш тогаш не би ја завршиле работата како што треба доколку немаме канали за да имаме информации пред да излезат. Меѓутоа тоа се предлози коишто сега се пуштени до земјите членки.

Сметам дека наша позиција треба да биде да чекаме што ќе кажат земјите, ние после ќе ги кажеме нашите забелешки дали е нешто прифатливо или не е нешто прифатливо. А сум кажал неколкупати доколку се решиме за некој одговор и одлука се разбира ќе бидат консултирани и пратениците и опозицијата

Прашан за тоа дали постои опасност по овие информации помалите политички партии од владејачката коалиција да го напуштат парламентарното мнозинство, шефот на дипломатијата со став дека Владата е стабилна, а партиите се во редовна комуникација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Коалициските партнери од власта, во недела на средба

-Не верувам. Владата е стабилна, коалициските партнери се во постојана комуникација. Состанокот оваа недела е еден од редовните состаноци и не е поврзан со некоја динамика која денеска се одвива со француското претседателство.

Овие средби се корисни за да го споделиме што ги имаме ние со сите коалициски партнери не само за интегрирањето на државата во ЕУ, туку и за други теми, европската криза, енергетската криза и е важно да имаме координации што почесто. Така што не гледам апсолутно никаков знак на слабост или ослабување на заедничките ставови на коалициските партнери, рече Османи.

На прашањето што ако помалите коалициски партнери побараат предвремени избори, Османи рече дека не е во интерес на државата да има предвремени интереси.

-Сега не е време за избори, бидејќи изборите нема да понудат решение, не гледаме друга алтернатива која нуди поинаков или подобар концепт од тој на владачката коалиција, било за Преспанскиот договор, меѓуетничките односи, договорот со Бугарија, кризите како резултат на украинската војна.

Така што, нема причина за предвремени избори, изборите ќе бидат некаде во мај 2024 година, дециден министерот Османи, кој е и висок партиски член на ДУИ.

МИА/Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Замислете Германија да инсистира ‘Австрија да ги признае германските корени’, Гералд Кнас за барањата на Бугарија

Редакција

ЕДС, Пуцко петрол и Марковски Компани Борче лани склучиле највредни договори за јавни набавки

Редакција

Во Кичево два нови случаи на Ковид-19, едно лице почина

Редакција