Лидерот на Има таков народ, Слави Трифонов е против францускиот предлог за решавање на спорот со источниот сосед.
Тој во телевизиско обраќање, како што пренесуваат бугарските медиуми, рече дека францускиот предлог за укинување на ветото за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ, поднесен од премиерот Кирил Петков до Комисијата за надворешна политика, зборува за „бугарско малцинство“.
-Тоа е нешто што ние како Бугари никогаш не сме го прифатиле, бидејќи вистината е дека во РСМ нема бугарско малцинство, туку има Бугари.
Има забелешки и затоа што се користи терминот „македонски јазик“.
-Бидејќи ние Бугарите не го прифаќаме постоењето на македонскиот јазик, бидејќи таков јазик нема, сите други земји ќе го признаат. На нас ќе ни се признае дека не го признаваме. Ова е резултат на двојната политика на Кирил Петков од моментот кога стана премиер, изјави меѓудругото Трифонов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ивор Мицковски: Францускиот предлог го руши македонскиот суверенитет, идентитет и историја
Фото: Фејсбук/Трифонов