еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

НБ: Во мај годишен раст од 2,4% на депозитите и од 9,9% на кредитната поддршка

Во мај годинава вкупните депозити на годишна основа бележат раст од 2,4 отсто при зголемување на депозитите на секторот домаќинства, а вкупните кредити се зголемени за 9,9 отсто, како одраз на повисокото кредитирање кај двата сектора, коешто е поизразено кај корпоративниот сектор, информира Народната банка (НБ).

– Паричната маса (монетарниот агрегат М3 1,2 ), во мај 2022 година оствари пад од 0,1 отсто на месечна основа, пред сè како резултат на намалувањето на краткорочните депозити, готовите пари во оптек и долгорочните депозити до две години, а во услови на раст на депозитните пари.

Анализирано на годишно ниво, паричната маса е зголемена за 2,7 отсто, речиси целосно поради зголемувањето на краткорочните депозити, при пад на долгорочните депозити до две години и готовите пари во оптек, соопшти НБ.

Вкупните депозити во мај годинава, се истакнува во соопштението, останаа непроменети споредено со претходниот месец. Годишната промена е позитивна и изнесува 2,4 отсто, што целосно произлегува од зголемувањето на депозитите на секторот „домаќинства“.

– Вкупните кредити забележаа месечен раст од 0,8 отсто во текот на овој месец, при зголемено кредитирање кај двата сектора, со поголем придонес на секторот „домаќинства“. Годишната стапка на раст од 9,9 отсто е одраз на повисокото кредитирање кај двата сектора, кое е поизразено кај корпоративниот сектор, велат од НБ.

Во мај, како што се посочува, вкупните депозити на корпоративниот сектор се зголемија за 0,1 отсто на месечно ниво, пред сè како резултат на зголемените депозитни пари, а во помала мера и на долгорочните депозити во денари, во услови на остварен пад кај останатите компоненти.

– Споредено со мај минатата година, вкупните депозити на корпоративниот сектор се пониски за 1,6 отсто, главно заради намалувањето на долгорочните депозити во странска валута, како и краткорочните и долгорочните депозити во денари, а во помал дел и заради депозитните пари, при забележан раст на краткорочните депозити во странска валута.

Кај кредитите на корпоративниот сектор , овој месец е забележан месечен раст од 0,5 отсто и годишен од 11,9 отсто поради растот на кредитите во денари и во странска валута, кој е поизразен кај кредитите во денари,нагласуваат од НБ.

Депозитите на домаќинствата, посочуваат, бележат раст од 0,2 отсто во мај во однос на претходниот месец.

– Растот во поголем дел се должи на зголемувањето на краткорочните депозити во странска валута, при дополнителен позитивен придонес и на депозитните пари и долгорочните депозити во странска валута, а во услови на пад кај денарските долгорочни и краткорочни депозити.

Годишниот раст изнесува 4,5 отсто и пред сè се објаснува со зголемувањето на краткорочните депозити во странска валута, при помало позитивно влијание и на долгорочните депозити во странска валута и депозитните пари, во услови на пад кај денарските долгорочни и краткорочни депозити.

Овој месец, вкупните кредити на домаќинствата растат со стапка од 1,1 отсто, како резултат на зголеменото кредитирање во денари и во странска валута, малку поизразено во денари. Споредено на годишна основа, овие кредити бележат раст од 8 отсто и во поголем дел се должи на кредитите одобрени во денари, прецизираат од НБ.

Нагласуваат дека во мај, анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, потрошувачките кредити остварија месечен раст од 0,8 отсто, а станбените од 1,2 отсто, додека на годишно ниво се зголемени за 6,9, односно за 15,8 отсто.

– Во мај, автомобилските кредити бележат месечно намалување од 2,4 отсто и годишно и од 8,9 отсто. Кредитите одобрени на кредитни картички овој месец се зголемени за 0,7% отсто на месечна основа, додека на годишна основа тие се намалени за 2,2 отсто.

Во мај, кај негативните салда на тековните сметки е забележан месечен раст од 2,1 отсто и годишен од 0,5 отсто. Кредитите одобрени врз други основи се пониски на месечно ниво за 1,9 отсто и на годишно ниво за 34,4 отсто, посочуваат од НБ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Штипскиот градоначалник добил закани по живот од вработен во општината

Редакција

(Фото) Обновен летот Белград-Охрид

Редакција

Истанбул и Дубаи најбарани дестинации за Нова Година, намален интересот за европските градови

Редакција