еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

И Бугарите ќе ги менувале учебниците, договорот бил со реципроцитет, тврди Георгиев

Македонија нема да преземе еднострани обврски, и се што ќе направи македонско-бугарската Комисија за исторски прашања е на база на реципроцитет, вели професорот Драги Георгиев.

-Не може С Македонија да ги менува учебниците, а Бугарија да не смени ништо во нејзините учебници. Не може С Македонија да смени натпис на некој од спомениците на пример, ако дојде до тоа, а Бугарија да не смени, да остане онака како што е. Тука има реципроцитет. Тоа е двострано, реципрочно.

Ние ги добивме сите учебници од Бугарија како што и тие ги добија македонските учебници. Сите обврски кои ќе произлезат од препораките на пример за заедничко чествување се однесуваат и на Бугарија, не само на С Македонија. Препораките се однесуваат и на бугарските учебници, не само на македонските учебници, вели Георгиев во интервју за Канал 77.

Притоа Георгиев порача дека не треба јавноста да се плаши дека ако дојде до тој процес дека ќе се случат промени само кај Македонија, а дека нема да има и во Бугарија, потенцирајќи дека Комисијата не се занимава со идентитетските прашања.

-Тоа не е тема на работа на Комисијата да се престане да се манипулира дека таа ќе решава кој каков идентитет имал пред илјада години, рече професорот Георгиев.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 43 оздравени пациенти од Ковид-19

Редакција

(Видео) Екстремист што се заложи за Албанска федерација: Кој е новиот косовски премиер Аљбин Курти?

Редакција

Почина 25-годишно момче откако со „мерцедес“ излетало на автопатот Куманово-Скопје

Редакција